 | 3140 Членови |
 | 0 Денеска |  | 5 Оваа недела |  | 13 Овој месец |  | Последен: Rubin Mitevski | |
|
|
Мудрост -
Бравос Мучачос
|
|
10.03.2010. |
|
НАМЌОРИ- НЕ! 1. Кој ја бара вистината не треба да се уплаши од неа кога ќе ја најде. 2. Децата се смеат од 50 до 100 пати во денот, возрасните само до 15 пати. Аман од намќори, аман! 3. Кучето има многу пријатели бидејќи мафта со опашката, а не со јазикот. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Мудрост -
Бравос Мучачос
|
|
5.03.2010. |
|
ОСТРОВИ Двајца германски пратеници излегоа со идеа Грција да си ги продаде ненаселените острови за да излезе од кризата. Ете ни шанса да им влеземе во џигер. Сега треба да им ги изнакупуваме островите, а со оглед на тоа што островите се на југ нема да има логика да бидеме преименувани ниту во Северна, ниту во Горна Македонија. Тогаш Елините слободно ќе може да не прекрстат во- Спонзоруша Македонија. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
Шегаџија -
Ха, ха, ха !!!
|
|
5.03.2010. |
|
ФУДБАЛЕРИШЧА Ја победивме Црна Гора. Тесно, густо, ама важно ја победивме. Сега ни е убаво на душата, милина... Ете го нашиот рецепт за фудбалска радост- наместо на пријателски натпревари да викаме гиганти од калибарот на Шпанија, треба да си каниме репрезентации како Монтенегро, Конго, Сан Марино, Монако, Хаваи... За нив сме фудбалеришча, ќе си ги тепаме и ќе си се радуваме, но ќе ве молам Андора да не влезе на овој список, оти дечките знаат да бидат поприлично незгодни. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
Максимумлање -
Види мајката
|
|
4.03.2010. |
ЗАБОРАВЕНИ Белгијците се уплашија од македонските азиланти. Со право, ако ги навалиме, крај ќе нема, па ќе удриме не само на Брисел, туку и на Париз, Лондон, Минхен, итн. Имаат искуство Европејците со Полјаците, Бугарите, Романците, Чесите и останатите кои ги преплавија во моментот кога падна европското перде. Туку, ова што не ни даваат азил е добро и за нас, оти ако не пуштат остана Македонија пуста пустелија. Добро е што себична Европица мисли на нас, ние оддамна заборавивме да мислиме на себе... Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
Што ќе ми пардон? -
Ајде Ви се молам ...
|
|
4.03.2010. |
ДАЈ НИ ЗДРАВЈЕ! Доказ дека заборавивме да мислиме на себе е нашето здравство. Прилепската болница и уште многу такви се доказ колку сме очајно површни, па ништо не ни е важно, вклучително родилките и бебињата, тие најскапоцени бисерчиња на човечкиот род. Во многу пригоди речено е- здравјето е најважно, се друго е споредно. Во Македонија тоа е повеќе од точно бидејќи секое одење во болница може да биде и кобно. Затоа Боже, дај ни здравје и ништо повеќе од тоа... Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
Хуманитарец -
Помош
|
|
4.03.2010. |
ПОД ИТНО! Бебенцето Матеј Кузмановски има само 10 месеци, но лоша болест се свила во неговите гради. Имено, Матејче боледува од тешка кардиопатија и под итно мора да биде опериран во Софија. Телефонскиот број о7о/ 143-103 е отворен уште пет денови, па доколку сте во можност донирајте 100 денари за Кузмановски да се спаси и да продолжи да му се радува на животот.Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
Дебата -
Бла Блакање
|
|
3.03.2010. |
ЗАГУШЛИВО ЛИКОВИ: ВОДИТЕЛ ЕДЕН И ВОДИТЕЛ ДВА 1. Колега, според една студија пушачите имаат понизок коефициент на интелигенција од непушачите. 2. Стварно? 1. Да, најсериозно. Еден израелец направил истражување со кое докажал дека пушачите се поглупи од непушачите... 2. Види, во Македонија не се исплати да бидеш паметен, така што јас ќе продолжам да пушам... (Му дува чад во фаца на другиот) Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Што ќе ми пардон? -
Ајде Ви се молам ...
|
|
3.03.2010. |
АЗИЛ ЛОКАЦИЈА: ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА “ВЕСЕЛИ АЗИЛАНТИ“ Ликови: Туроператор и муштерија 1. МУШТЕРИЈАТА: Добар ден. 2. ТУРИСТИЧКИОТ РАБОТНИК: Повелете. 1. Што аранжмани имате? 2. Имаме осмомартовски аранжмани за сите европски дестинации, скијање во Банско, ефтина понуда за Блиски Исток... Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Граѓанска кројачница -
Алал Вера Мајстори !
|
|
3.03.2010. |
ТРИ ДЕНА ТЕ НЕМA ЛИКОВИ: ШЕФ И ВРАБОТЕН ЛОКАЦИЈА: СОБРАНИ(Е) НА РМ, СЕКТОР ЗА ОПШТИ И ЗАЕДНИЧКИ ГЛУПОСТИ 1. Шефе,си ме барал... 2. Да, те барав за да ти врачам отказ... 1. Ма ве молам, па што е во прашање? Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 3.03.2010. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Максимумлање -
Види мајката
|
|
3.03.2010. |
1000 ДЕНАРИ ВОВЕД: Црвенковски беше во чаршија и на чистачот за чевли му плати 1000 денари во ќеш. ЛИКОВИ: Чистач на чевли, Претседателот на зевзечката партија 1. Ајмо чистење чевли, бујрум. 2. Здраво. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 3.03.2010. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 18 од 476 |
|
|
Најактивни зевзеци |
1. ali_baba (892 коментари)
2. PEPSI (880 коментари)
3. Zrakoprc (192 коментари)
4. MaStaPe (135 коментари)
5. Ile (104 коментари)
6. Barry (84 коментари)
7. kikojumkd (81 коментари)
8. YankeeBoy (78 коментари)
|
|
Пропуштиле во: |
-
January, 2010
-
December, 2009
-
November, 2009
-
October, 2009
-
July, 2009
-
June, 2009
-
May, 2009
-
April, 2009
-
March, 2009
-
February, 2009
|
|
Заход за статистика: |
Членови: 3141
Вести: 1526
Веб-линкови: 3
|
|