|
|
КИКС |
|
|
|
25.06.2009. |
|
ШАМАР Минатата седмица Српската православна црква одбила да покани претставници на МПЦ на меѓурелигиската конференција за Западен Балкан која се одржувала во Палиќ Војводина. За разлика од МПЦ, на конференцијата од Македонија биле поканети Исламската верска заедница и Евангелско методистичката црква, но тие од солидарност кон МПЦ не отишле таму. Православни браќа, колку толку убаво звучи, а колку тешко функционира во реалноста. Гестот на ИВЗ и методистите е вистински шамар за СПЦ и прекрасна круна на меѓуконфесионалната почит во Македонија. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 23.08.2010. )
|
|
|
АКЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА |
|
|
|
25.06.2009. |
|
ЗА ИВА Дваесет и девет годишната Ива Миленковиќ боледува од рак. По лекувањето во Скопје, Ива беше префрлена во Виена, а по долгата хемотерапија сега е во американскиот град Хјустон. Лекувањето на Миленковиќ ќе биде долготрајно и скапо, па доколку сте во можност донирајте 100 денари на телефоните: o70/143-153 077/ 143-314. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 23.08.2010. )
|
|
|
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА |
|
|
|
24.06.2009. |
ЛУДО! Еден облак ќе и изјави љубов на една облачица, па од кога ќе водат љубов ќе заврне краткотраен дожд во сабота. Во недела, облаците ќе одат на журка во Тунис, што значи дека нема да врне. Веќе од понеделник, небото ќе се отвори во своето синило и ќе се истурат дожд од илузии и сончеви копнежи. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 23.08.2010. )
|
|
|
КРВ |
|
|
|
18.06.2009. |
ОЛАБАВЕТЕ! Во нашите вени тече повеќе античка или словенска крв, тоа е дилемата со која се судруваме во овој момент од 21 век... Се прашувам што мислат странците за нас кога ги слушаат нашите хематолошки препирки? Дали тие во нас гледаат луѓе на кои се уште не им е јасно кои се и што се, или во нас гледаат народ кој си прави историја по дневнополитички вкус или можеби не доживуваат како граѓани кои во недостаток на идеи за сегашноста се занимаваат со минатото колку да пополнат време и да си го дигнат либидото збогатувајќи го со антички еритроцити... Лично, јас се доживувам како човек роден од Бога и ништо повеќе од тоа не ми е важно... Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 23.08.2010. )
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 9 од 15 |