|
ВРЕМЕНСКА АНТИПРОГНОЗА |
|
|
|
30.06.2010. |
ПРОСТА Ликови: двајца водители 1. Постојат два вида мажи- просто неверојатни и неверојатно прости. 2. Времето идната седмица ќе биде машко односно просто дожливо или дождливо просто. 1. Аналогно на тоа, атмосферата во државава ќе биде просто пријатна... 2. Т.е пријатно проста... 1. Колку проста временска прогноза, Глишо ќе ни се налути... 2. Напросто проста!Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
АПСЕЊА |
|
|
|
30.06.2010. |
АБЕ АЈ? Ликови: двајца вмроовци со капи на главите 1. Брат, што си толку депримиран... 2. Како бе да не бидам, го слушна ли Црвениот што кажа? 1. Што? 2. Кога ќе дошол на власт ќе апсел вмроовци...
Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
КОЦЕКАБАНА |
|
|
|
25.06.2010. |
А БРАЗИЛКИ? Колку сме шегобијци говори и последната гачка што е измислена по повод отворањето на градската плажа. Имено, таа веќе е прекрстена во Коцекабана по примерот на бразилската Копакабана. Во секој случај, креативно, уштe градоначалникот да ни донесе Бразилки и ќе биде екстра топ! Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 30.06.2010. )
|
|
|
КОПАЧИ |
|
|
|
25.06.2010. |
|
ВРЕДЕН НАРОД Многу вреден народ сме. Доказ за тоа се 48-те осомничени копачи на артефакти. Еј, луѓево преку ден советувале по општините, биле полицајци, директори, бизнисмени, а попладне оделе на нива и копале. Како порано не го развивме бизнисот со артефакти, немаше селата да ни се запустат, напротив од ден на ден копачите ќе ни се множеа... Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
КРЛЕЖИ |
|
|
|
25.06.2010. |
А ОНИЕ ДРУГИТЕ? Регистрирана е наезда на крлежи по парковите. Но, не само таму. Во пежоративна смисла многу крлежи т.е полтрончиња што ти ја цицаат крвта додека им требаш, се регистрирани по партиите, медиумите, министерствата, владата, опозицијата, да не кажам насекаде. Со оние крлежчиња по тревата ќе се справиме лесно, прашање е како да се ослободи ова општество од другите крвопијачи... Напиши коментар (0 Коментари) |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 9 од 32 |