 | 3296 Членови |
 | 2 Денеска |  | 5 Оваа недела |  | 8 Овој месец |  | Последен: MadzialenQs | |
|
|
|
ПАРИ НА УЛИЦА |
|
|
|
16.06.2010. |
АЈВАНИ Ликови: Новинар и минувачи НОВИНАР: Почитувани гледачи, добредојдовте во наградната игра- Пари на улица. Правилата се едноставни, вие одите некаде, ние ве пресретнуваме на улица, ви поставуваме прашање и ако одговорите точно ви даваме илјада денари. Еве еден минувач, господине дали сакате да си заработите илјадарче? МИНУВАЧ 1: Сакам... НОВИНАР: Одговорете точно и парите се ваши... ОК?
Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
СТАРО КУПУЈЕМ |
|
|
|
12.05.2010. |
ИЛУЗИИ ликови: старо купујем и граѓанин СТАРО КУПУЈЕМ: Старо купујем, стари фрижидери, стари перални, стари завеси, алишта, старооо. Старо купујем, ефтино... Ајде луѓе ослободете ги вашите шупи од глупости и нека вашиот простор задише слободно.Старооо... ГРАЃАНИН: Дечко, дојди малку... Старо купуваш, а? С: Да бе брат, ем ти давам пари, ем се ослободуваш од непотребен баласт... Г: А купуваш ли стари илузии? Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 12.05.2010. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ЗА СЛАВНИТЕ |
|
|
|
16.04.2010. |
|
ФУРАЈ ДО КРАЈ! Овој текст ќе ви покаже дека не смеете да дозволите никој да ве демотивира во животот. Лив Улман беше славна актерка која не поминала на аудицијата за артисти. Професорите и рекле дека нема талент. Инаку, Улман двапати беше номинирана за Оскар. Леон Урис е славен филозоф и книжевник. Кога бил во средно трипати паѓал на испитот по англиски јазик и книжевност. Aјнштајн прозборел на 4 години, а научил да чита на 7. Во средно паднал на испитот по математика. Неколку децении подоцна ја добил Нобеловата награда за физика. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Последна промена ( 16.04.2010. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ПРИВАТИЗАЦИИ |
|
|
|
15.04.2010. |
МАТНИ Да ги отвориме матните приватизации, се согласија Вмро и Сдсм. Е ај баш да ги отвориме... Ликови: Матен тип и репортер РЕПОРТЕР: Господине, не знам зошто ама вие сте матен тип, а тоа го регистрира и нашата камера. Во што е проблемот со вашата небистрина? МАТЕН ТИП: Учествував во приватизацијата и од тогаш сум матен...
Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ПРОМОЦИЈА |
|
|
|
7.04.2010. |
МАЦЕДОНИАН ДРИМ ЛИКОВИ: Промотор и човек што пие апче ПРОМОТОРОТ: Почитувани граѓани, нашата компанија “Бисерни Идиоти“ измисли апче за мирен македонски сон. Апчево се вика Маседoниан Дрим. Во ова мало апченце што го гледате има 30 милиграми мов, 5 отсто аналгетици, 30 отсто дреманон сусптанца за моментално заспивање и преку 20 халуциногени состојки што предизвикуваат убави соништа и сузбивање на кошмари. Дали има некој кандидат што би го испробал ова апченце.. ПИЈАЧ НА АПЧЕ: Јас!
Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ПАШАПОРТИ |
|
|
|
1.04.2010. |
|
ПРИЈАТЕЛСТВА Не е лесно да извадиш пасош, а ни пашапорт... Дејство: Двајца пријатели си муабетат 1. Човече бев да извадам пасош и јасно ми е зошто оди се толку споро? 2. Зошто? 1. Па еден човек се сам прави- и фотографира, и пишува податоци, и воспоставува ред, и ги опслужува оние што одат преку ред... Три четири часа чекање не ти гинат и тоа во закажан термин... Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ХОБИ |
|
|
|
24.03.2010. |
ПИКАЊЕ НОС Еден човек има необично хоби. Ликови: Воајер, комшија 1, комшија 2 ВОАЈЕР: Многу сакам да ѕиркам во туѓите животи. Мислам- тоа ми е опсесија. По цел ден посматрам, гледам, анализирам. Нема нешто што не знам за комшилукот, се знам...На пример, еве дечково што доаѓа. Вчера му раскина девојка му, си фатила побогат фраер... Ако не е така глава сечам... Еве сега ќе го прашам па ќе се уверите кој е цар на сите скопски воајери. Комши, здраво, што си толку покиснат? Напиши коментар (0 Коментари) |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА |
|
|
|
10.03.2010. |
СПИЕЊЕ ЛИКОВИ: Двајца водители 1. Кога ќе пораснам сонувам да заработувам како и татко ми по 20 илјади евра месечно... 2. Татко ти заработува 20.000 евра месечно.. 1. Ма јок, и тој сонува... 2. Времето идната седмица ќе биде сонувачко... 1. Или дремливо... 2. Какво што е со недели, месеци и години.. 1. Пријатно спиење ви посакуваат ВМРО, СДСМ, 2. ДУИ, ДПА и останатите производители на празни соништа и фалшливи ветувања. Напиши коментар (0 Коментари) |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 13 од 51 |
|
|
Присутни ЗевзЕци |
Имаме 17 гости на оваа страница |
|
Најактивни зевзеци |
1. ali_baba (892 коментари)
2. PEPSI (880 коментари)
3. Zrakoprc (192 коментари)
4. MaStaPe (136 коментари)
5. Ile (104 коментари)
6. Barry (84 коментари)
7. kikojumkd (81 коментари)
8. YankeeBoy (78 коментари)
|
|
Пропуштиле во: |
-
August, 2010
-
July, 2010
-
June, 2010
-
May, 2010
-
April, 2010
-
March, 2010
-
February, 2010
-
January, 2010
-
December, 2009
-
November, 2009
|
|
Заход за статистика: |
Членови: 3297
Вести: 1703
Веб-линкови: 3
|
|