|
28.01.2010. |
РОБИН ХУД Следува криминална хроника... КРАДЕЦ И МИНУВАЧ КРАДЕЦ: Застани. Јас сум крадец... Дај новчаникот... МИНУВАЧ: На ти го... К: Што е ова бе... Ништо немаш, празен новчаник... Ебати тоа клошарот... Дај мобилен...
М: Еве ти го на... К: Моторола од пред сто години. Ова не вреди ни 50 денари... Дај го саатот. М: На ти... К: Види го каков е... Излупен, никаков, од пазарче си го купил... Дај нешто друго, ако неќеш да ти акнам еден бокс... М: Па немам што да ти дадам. Ми текна- еве ти ги чевлите... К: Ова чевла ли е... Скината! А бе ти цркавица си бил, што работиш? М: Јас сум асистент на факултет... К: На ти илјада денари, купи си нешто... М: Фала ти. Ти не си крадец, ти си светец, ти си Робин Худ на денешницата... К: Ај со здравје асиситенче мое... Само регистрирани корисници може да пишуваат коментари. Ве молам регистрирајте се. |
|
Последна промена ( 23.08.2010. )
|