|
29.01.2010. |
|
ЧОВЕК Сами Нуредини спаси девојка што се давеше во Вардар. На сајтот на Канал5 прочитав два коментара за Сами кои ја осликуваат нашата чукната реалност. Првиот: “Браво, вистински македонски херој“ и вториот: “Браво, вистински албански херој“. Алоооо, националната определба во случајов е тотално неважна, оти да се биде Албанец или Македонец е лесно, тешко е да се биде човек со душа кој спасува душа.
Само регистрирани корисници може да пишуваат коментари. Ве молам регистрирајте се. |