 | 3296 Членови |
 | 0 Денеска |  | 5 Оваа недела |  | 8 Овој месец |  | Последен: MadzialenQs | |
|
|
СВЕТИ АТАНАСИЈ |
|
|
|
29.01.2010. |
ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Во недела, 31 јануари го празнуваме споменот за архиепископот александриски, Атанасиј Велики. Роден е во 296 година. Бил ѓакон кај архиепископот Александар и го придружувал на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор бил еден од духовниците кој ја побил Ариевата ерес и го напишал Симболот на Верата. По смртта на Александар, Атанасиј е избран за архиепископ Александриски. Свети Атанасиј со децении и децении бил гонет од еретиците кои по секоја цена се обидувале да го искриват православното учење.
Од гонителите се криел дури и во бунар, во гроб, по куќи, по пустини. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј, но и покрај се ова сонце на православието храбро ги грееше душите на Христијаните се до својата смрт во 373 година. На 31 јануари, во многу македонски градови и села по повод празникот Свети Атанасиј, а демек за здравје и бериќет се принесуваат курбани т.е се колат овни и се прават манџи. Нема поголема навреда за Свети Атанасиј од оваа глупост која едноставно ја нема во Христијанството. Повторуваме, курбани или жртвувања нема во Христијанството бидејќи Христос беше и е нашата единствена откупителна жртва и нему му е по волја кога се причестуваме, одиме на литургија, постиме, му се молиме и му благодариме. Тој од нас не бара колежи и крв, тој на нас ни нуди мир и љубов. Токму затоа, не валкајте си ги душите и не учествувајте во нешто што нема да ви биде за спас, туку за смрт. Духовна смрт!Само регистрирани корисници може да пишуваат коментари. Ве молам регистрирајте се. |
|
Последна промена ( 23.08.2010. )
|
|
|
Присутни ЗевзЕци |
Имаме 21 гости на оваа страница |
|
Најактивни зевзеци |
1. ali_baba (892 коментари)
2. PEPSI (880 коментари)
3. Zrakoprc (192 коментари)
4. MaStaPe (136 коментари)
5. Ile (104 коментари)
6. Barry (84 коментари)
7. kikojumkd (81 коментари)
8. YankeeBoy (78 коментари)
|
|
Пропуштиле во: |
-
August, 2010
-
July, 2010
-
June, 2010
-
May, 2010
-
April, 2010
-
March, 2010
-
February, 2010
-
January, 2010
-
December, 2009
-
November, 2009
|
|
Заход за статистика: |
Членови: 3297
Вести: 1703
Веб-линкови: 3
|
|