|
3.02.2010. |
БЕГАЈ! Дојдоа чудни времиња- татко тера син да си замине од Македонија. ДИЈАЛОГ МЕЃУ ТАТКО И СИН Тато, овде нема живот... Нема... Се повеќе и повеќе му ја мислам да му ја штрафнам некаде... И да му ја мислиш...
Најсериозно, извадив пасош и ќе бегам од Македонија... Да бегаш... Жал ми е за тебе и за мама... Ич да не ти е жал... Ќе ве оставам сами... Остави не... И за другарите ми е жал... Не ги жали, ќе се снајдат... Македонијава ни е тапа, ама и за неа ќе страдам... Не биди будала, пичи што подалеку од овде и ич да не ти е гајле... Тато, да не си пиел нешто? Не... Да не си попушил некоја ганџа море, срце ќе те дрмне... Не бе какви ганџи, манџи, фанџи... Не можам да те разберам- обично кога ќе кажам дека сакам да бегам во странство ми викаш дека од овде нема поубаво, ме убедуваш да останам, а сега како да ме бркаш... Бегај, и тоа што подалеку, најсериозно ти викам. Ти бегај прв, по година две ќе дојдеме и јас и мајка ти... На што се должи оваа промена? Па синко, според Црвенковски- Никола и компанија се транзициски студенти, а за Бранко велат дека бил политички макро во потрага по партиски проститутки. Значи нашата иднина е во рацете на студенти или макроа сосе проститутки што е тотално бесперспективно. Затоа ти викам марш од овде и спасувај жива глава додека си млад.... Де бе тато, па ти си станал песимист... Кај ти е духот, кај ти е вербата во посветла иднина? Дечко, не фамфлај. На ти торба и марш на пакување...Само регистрирани корисници може да пишуваат коментари. Ве молам регистрирајте се. |
|
Последна промена ( 23.08.2010. )
|