 | 3296 Членови |
 | 2 Денеска |  | 5 Оваа недела |  | 8 Овој месец |  | Последен: MadzialenQs | |
|
|
ВЕЛИГДЕН |
|
|
|
2.04.2010. |
|
ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО Има една реченица што ја кажува нашиот народ: “гости сме на овој свет“. Со оглед на тоа што сме гости, размислуваме ли за она што не чека од кога ќе ни заврши гостувањето и ќе дојде смртта? Откога ќе завршиме со гостувањето на планетава, заминуваме во вечноста. Верата не учи дека по умирањето телото го закопуваме, а душата се сели во Божјите одаи. Речено е дека Христовото воскресение ни ги отвори портите на Рајот, па затоа повеќе од логично е прашањето дали веруваме во Христовото Воскресение? Го славиме Велигден, но многумина се сомневаат во Христовото воскресение. Таков беше и апостолот Тома, кој се додека не ги допре раните Исусови беше скептичен. Во тој миг на томино двоумење Богочовекот ни порача: Блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Ако не веруваме во Христовото воскресение празна ќе биде нашата вера, ненадежна, бесперспективна.
Ако веруваме во Христос, тогаш нема дилема- има и рај, има и пекол. Така кажа Учителот, а бидејќи Тој е Вистината и Светлината на светот или го прифаќаме тоа или не... Значи, да се биде Христијанин не подразбира толкување по личен избор што ми одговара, а што не, туку љубовно живеење со Христовите проповеди и пораки преставени преку Евангелијата во Новиот Завет. Христос ни порача, пред да дојдете при Мене, покајте се, што значи исповедајте се и очистете се од грешките во животот... Впрочем, кој домаќин сака нечист гостин? Сте се исповедале ли некогаш? Нема чесна причесна без исповед пред свештеник, без покајание пред Бога. Кај нас исповедта пред свештеник постоела од секогаш, тоа е разговор на пријатели кои во името на Творецот си помагаат во растежот на духот. Кој од нас знае кога ќе биде денот за летање (умирање)? Никој, затоа да не губиме време, да се исповедаме, да постиме, да молиме, да ги очистиме душите од злобите, страстите, клеветите, озборувањата, парољубието, суетата која не гони да мислиме дека сме најдобри, најправедни, нај... Да се очистиме, да оздравиме духовно и така да се причестиме со телото и крвта Христови. Тогаш адетите ќе ни бидат на второ место, тогаш нема да им посветуваме толку внимание на јајцата, јагнешкото месо, тортите и салфетките... Во тој миг ќе се почуствуваме просветлени во умот и обожени, што е кулминација на нашето земско гостување. Христос Воскресна, навистина воскресна!|
hristos se rodi Напишано од vidralusi on 2010-04-03 11:38:54 za mnogu godini braka i sestri hristijano gospot e golem nek ve cuva od zlo |
Само регистрирани корисници може да пишуваат коментари. Ве молам регистрирајте се. |
|
Последна промена ( 23.08.2010. )
|
|
|
Присутни ЗевзЕци |
Имаме 5 гости на оваа страница |
|
Најактивни зевзеци |
1. ali_baba (892 коментари)
2. PEPSI (880 коментари)
3. Zrakoprc (192 коментари)
4. MaStaPe (136 коментари)
5. Ile (104 коментари)
6. Barry (84 коментари)
7. kikojumkd (81 коментари)
8. YankeeBoy (78 коментари)
|
|
Пропуштиле во: |
-
August, 2010
-
July, 2010
-
June, 2010
-
May, 2010
-
April, 2010
-
March, 2010
-
February, 2010
-
January, 2010
-
December, 2009
-
November, 2009
|
|
Заход за статистика: |
Членови: 3297
Вести: 1703
Веб-линкови: 3
|
|