|
2.07.2010. |
ДИСКРИМИНАЦИЈА Со проектот 45 министерството за образование овозможува вонредно студирање за мажите постари од 45 и жените постари од 35 години. Студирањето ќе чини 200 евра годишно, ќе се одвива во попладневните часови и за време на викендите. Идејата не е лоша, на Запад учењето и усовршувањето е провокација за луѓето и на 60 години, но во нашиов случај се поставува прашање зошто мажите во однос на жените цели 10 години подоцна добиваат шанса за студирање. Со ваквата дискриминација мажот ќе заврши на 50 години што му ја намалува шансата за прогрес во кариерата. Заклучок: и мажите и жените треба да добијат можност за вонредно студирање на 35 години.
Само регистрирани корисници може да пишуваат коментари. Ве молам регистрирајте се. |