 | 3296 Членови |
 | 2 Денеска |  | 5 Оваа недела |  | 8 Овој месец |  | Последен: MadzialenQs | |
|
|
КВИЗ |
|
|
|
7.07.2010. |
ЗЕЛЕН ТВОР Ликови: Новинар во студио и гледачи по телефон НОВИНАР: Ова е нашиот квиз: Зелен и каки твор. Зелениот твор означува браво, каки творот значи срам те било. Вие се јавувате, ние ги регистрираме вашите повици и го избираме најубавиот и најгрдиот настан на неделата. Па да ги видиме нашите предлози... Предлог број еден- тепачката во собранието. Снимателот е облечен премногу просто во сина маичка и темно сини панталончиња. Министерке, дај му повисока плата на човекот да не оди облечен како свадбарски снимател...
Предлог број два- Бранко на гости кај пилешко европско Филе. На масата нема никаква пијачка, евидентно е дека Филе е лош домаќин. Предлог број три- Груевски во Брисел, кај премиерот на Белгија. Нашиов е спастрен тип топ и убаво изгледа , да не кажам најубаво.... Предлог број 4- Фризурите во Иран, дали треба и кај нас да се воведе државна владина политика во врска со фризурите? Тоа беа нашите предлози, па еве сега кажете што мислите. Имаме гледач... Да! ГЛЕДАЧ: Добар ден. Давам каки боја твор за пилешко Филе. Едно виски да не му извади на наш Бранко, срамота. Зелен твор му давам на Никола, човекот е спастрен по сите правила на бон-тонот... НОВИНАРОТ: Фала, фала, ептен се согласувам со вашата констатација за преимерот, а и за Филе... Одиме понатаму... ГЛЕДАЧ 2: Каки твор за Гордана Јанкуловска, која не му купила поасална градероба на снимателот. Мислам женава како да им купува маички на џандариве од Шутка. Ем ги тепа, ем маички од таму купува. Зелен твор давам за фризурите во Иран, тоа е систем бе, а не ова кај нас на кој како му доаѓа си прави фризура. Сме нашле па сме зашле и после Вмро не ни чини. Море да сум јас на местото на Груевски, би наредил сите да носите фризура како него и ај чао... НОВИНАРОТ: И јас се согласувам со вас... Имаме и трет гледач.. ГЛЕДАЧ 3: Груевски заслужува каки твор, облечен е премногу свадбарски, треба да учи политички бон – тон од Бранк .... НОВИНАРОТ: Режија гаси го гледачот... ГЛЕДАЧ 4: Каки за Фуле, каки за Гордана, каки за Никола, каки за Бранко, каки за Иран... НОВИНАРОТ: Овој гледач е некој тежок депресивец... Одиме понатаму... ГЛЕДАЧ 5: Зелен твор e Бранко што издржа на суво со Филе, зелен твор e Никола заради краватата- ептен му е убава, зелен твор e Гордана што е толку штедлива и што на снимателите им купува маички за 100 денари, зелен твор e и белгискиот премиер што има патец во десно. Зелен твор и за цела Македонија... НОВИНАРОТ: Лошо се изразувате, не се творови Бранко, Никола, Гордана и другите, туку на нив им доделувате зелени творови. Да ве прашам, зошто па на цела Македонија и давате зелен твор? ГЛЕДАЧ 5: Затоа што ги трпи сите овие творови кои ги спомнав.. НОВИНАРОТ: Срам те било, ти ќе викаш за нашите политичари дека се творови, твору еден низаеден... Гаси го режија, гаси го... Тука е крајот на емисијата, гледајте не и утре во истото време, на истото место и уживајте во оваа наша атмосфера на зелени и каки творови. Пријатно!Само регистрирани корисници може да пишуваат коментари. Ве молам регистрирајте се. |
|
|
Присутни ЗевзЕци |
Имаме 2 гости на оваа страница |
|
Најактивни зевзеци |
1. ali_baba (892 коментари)
2. PEPSI (880 коментари)
3. Zrakoprc (192 коментари)
4. MaStaPe (136 коментари)
5. Ile (104 коментари)
6. Barry (84 коментари)
7. kikojumkd (81 коментари)
8. YankeeBoy (78 коментари)
|
|
Пропуштиле во: |
-
August, 2010
-
July, 2010
-
June, 2010
-
May, 2010
-
April, 2010
-
March, 2010
-
February, 2010
-
January, 2010
-
December, 2009
-
November, 2009
|
|
Заход за статистика: |
Членови: 3297
Вести: 1703
Веб-линкови: 3
|
|