|
9.07.2010. |
СУЕВЕРИЕ Двегодишниот октопод Пол ги прогнозира резултатите на светското првенство во фудбал и тоа го прави на следниов начин: во неговиот аквариум организаторите ставаат два помали аквариума, на кои се наоѓаат знамињата на државите- ривали на престојниот натпревар. Во двата сада се наоѓа омилената храна на Пол. Победник на натпреварот ќе биде онаа екипа од чиј сад Пол прв ќе ја земе храната. Оваа вест со денови се врти по сите канали, а се разбира и по нашите. Пол е доказ до каде може да оди суеверието и глупоста на медиумите и на публиката. Не ќе ме зачуди доколку некој го прогласи октоподот за Бог на фудбалот и спортската прогноза. Ало бре, се е чиста случајност и доста веќе за омиленото животинче на еден наш опозиционен лидер.
Само регистрирани корисници може да пишуваат коментари. Ве молам регистрирајте се. |