ЗЕВЗЕКСТАРТ arrow ЗевзекРепортаге arrow МАРКОВ МАНАСТИР
ЗЕВЗЕК избор
ЗЕВЗЕКСТАРТ ЗЕВЗЕКСТАРТ
MAXI Мумлање MAXI Мумлање
Што ќе ми е ? Што ќе ми е ?
 Дебата Дебата
Кројачница Кројачница
Шегаџија Шегаџија
Мудрост Мудрост
ЗевзекРепортаге ЗевзекРепортаге
Вести Вести
Поштарина Поштарина
Хуманитарец Хуманитарец
Контакт Контакт
3291 Членови
0 Денеска
7 Оваа недела
3 Овој месец
Последен: jesphtsmita
Зачлени се:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
 
МАРКОВ МАНАСТИР Испечати Е-пошта
15.03.2007.
ImageУБАВИНИ!
Викенд, велигденски пости, пролет и души што сакаат луфтиранција, ете на тие луѓе ќе им биде посветен овој текст. Ве носам во манастирот Свети Димитрија, попознат како Марков манастир. Одите кон населбата Драчево, и наместо лево, вртите десно. По десеттина километри ќе видите табла (пишува Марков манастир), тука скршнувате лево и влегувате во селото Маркова Сушица. По 3 минути возење пред вас ќе се отвори манастирот со сета своја раскош...  На самиот влез не дочекуваат две кутренца. Братче и сестриче, убави како зајци и брборковци какви што се, го излапкаа сувото лебче додека кажеш кекс. Не се ова оние расни кучиња научени на првокласна храна, ама се уште помили од нив бидејќи се природни и топли.
Влегуваме во манастирскиот двор. А овде- убавина: цвеќенца... стара фурна... и воденицата е зачувана... бунар... клуч за портите небесни? ... места за седење како од сликовница... конаци... Убаво е средено, а како и нема да биде кога вредните монахињи секојдневно вредно си ја работат работата. За нас световните, несфатлив е тој спој на духовен молитвен живот и физичка работа, сето тоа исполнето со тихување и милозливост, ама такви се нашите монаси и затоа треба да си ги сакаме и почитуваме.
Влегуваме во црквата. Не удира 14-от век уште на самиот влез. Црквата е обновена од страна на Волкашин, а наполно завршена и живописана во времето на неговиот син, кралот Марко, во периодот меѓу 1366 и 1371 година. Она што треба да го знаеме е дека овој манастир живеел и за време на турското ропство, а во 19 век игумен бил Кирил Пејчиновиќ. Фрескописот е брилијантен- овде се е како на филмско платно, па сцените од животот на Пресвета Богородица, чудата и страдањата на Христос, дванаесетте големи празници, како и фрагменти од животот на Свети Никола се редат во низа и човека го оставаат со подотворена уста како тоа маестрално се сликало во тој далечен 14-ти век. Црквата е градена од камен, а и иконостасот е изработен од тој материјал. 
Пак сме надвор. Со оглед на тоа што сега манастирот е дом на монахињи, во конаците може да преспијат само жени кои имаат потреба од средба со духовничките. Во план е изградба на уште конаци кои ќе бидат отворени за сите посетители. И уште нешто, при крај е подготовката на музејот во рамките на манастирот во кој ќе бидат изложени дел од илјадниците предмети сочувани од богатата историја на Марковиот манастир.
Се простуваме со монахињите кои не почестија со убав збор и не поканија да дојдеме на неделната литургија. Ех, Боже, убаво е да се биде човек.
Надвор од манастирската тишина, нешто жубори. Тоа е Маркова река... Ако сте за скара, за мало фудбалче, за ледина и уживанција, ете ви такви можности овде. Природата се пупи пред очите и ќефот е голем во тоа филозофирање, но работата не вика, па марш во кола и правец кон скопската џунгла.
Поминуваме низ селото Сушица каде чмаат многу стари куќи што говори дека освен викендашите, домородното население се изретчува, но тоа не е нова вест.
Марков манастир. Во сабота на прошетка, или во недела на литургија? Ваше си е што ќе изберете, ама мрднете оти животот е надвор од нашите домушарски бункери.    

Коментари
ubavini
Напишано од Zrakoprc on 2007-07-28 02:41:08
kolku se nie imame ubavini samo za kogo. koga nekoj nesto ke napravi, eh golema rabota koga nekoj nesto ke kaze i jas go znam toa i se toa taka u nedogled.
ZIDINI ZAD ZIDINI
Напишано од ali_baba on 2007-07-30 01:08:49
MARKOV MANASTIR E EDNO MESTO VO KOE SAMO STO KE VLEZES KE PRESTANAT DA TE MACAT SITE GLAVOBOLKI STO GI IMAS. CUDNA E TAA RABOTA AMA VISTINITA. NEKOLKU PATI SUM PROBAL I SEKOGAS E TAKA. IZGLEDA PLENUVA ZATVORENATA UBAVINA I ISTORIJATA NA PEDANTNO CUVANIOT PROSTOR SO VEKOVI. TAKVA UBAVINA SO TAKVO PSIHICKO RELAKSIRANjE NE STE OSETILE. SITE ONIE STO NE BILE TREBA DA IDAT I DA PROVERAT ZA STO ZBORUVAM. NAVISTINA!!!

Само регистрирани корисници може да пишуваат коментари.
Ве молам регистрирајте се.

Последна промена ( 15.07.2009. )
 
< Претходно   Следно >
Присутни ЗевзЕци
Имаме 1 гости(н) на оваа страница
Најактивни зевзеци
1. ali_baba
 (892 коментари) 
2. PEPSI
 (880 коментари) 
3. Zrakoprc
 (192 коментари) 
4. MaStaPe
 (136 коментари) 
5. Ile
 (104 коментари) 
6. Barry
 (84 коментари) 
7. kikojumkd
 (81 коментари) 
8. YankeeBoy
 (78 коментари) 
Џева се крева:
1. (MaStaPe)
 КРАЖБИ
(2 коментара)
2. (domindzos)
 МИСЛИ
(1 коментар)
3. (Stefancech)
 КОНЕЧНО
(1 коментар)
4. (Stefancech)
 ЗАКОН ПРОТИВ ПУШЕЊЕ
(1 коментар)
5. (Stefancech)
 УЧЕБНИЦИ
(1 коментар)
6. (MaStaPe)
 ЖИВА ДОСАДА
(1 коментар)
7. (MaStaPe)
 АФОРИЗМИ
(1 коментар)
8. (MaStaPe)
 ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА
(1 коментар)
Пропуштиле во:
Заход за статистика:
Членови: 3292
Вести: 1703
Веб-линкови: 3
Денеска: 4.09.2010.
"ЗевзЕкмАнијA" LTD, Д.О.О.Е.Л, GmbH - Solar System, Earth, Macedonia