ЗЕВЗЕКСТАРТ
ЗЕВЗЕК избор
ЗЕВЗЕКСТАРТ ЗЕВЗЕКСТАРТ
MAXI Мумлање MAXI Мумлање
Што ќе ми е ? Што ќе ми е ?
 Дебата Дебата
Кројачница Кројачница
Шегаџија Шегаџија
Мудрост Мудрост
ЗевзекРепортаге ЗевзекРепортаге
Вести Вести
Поштарина Поштарина
Хуманитарец Хуманитарец
Контакт Контакт
3296 Членови
2 Денеска
5 Оваа недела
8 Овој месец
Последен: MadzialenQs
Зачлени се:
Ај да гласаме
КАДЕ НА ОДМОР?
 
Превземај вести:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
 
ВУЛКАН
Дебата - Бла Блакање
23.04.2010.
ImageКРЕВКО ЧОВЕШТВО
Само еден вулкан беше доволен човештвото да се испаничи, да почне да плаче, да очајува. А што ќе се случеше ако покрај Исланд, во истовреме лава се истуреше во Африка и Америка? 
Сето ова е само уште едно предупредување колку човекот е мал, ништожен и беспомошен. Се правиме важни, умни, напредни, но сепак, со природата и со Божјата сила не си го можеме- тие се многу над нас колку и да се трудиме да ги дофатиме. Време е оваа цивилизација да се смири и да се соочи со сопствената кревкост.    Напиши коментар (0 Коментари)
 
МАЖАЧКИ
Максимумлање - Види мајката
23.04.2010.
ImageЖЕНАЧКИ
37 годишната Ерика Ла Тур Ајфел, од Сан Франциско се омажила за Ајфеловата кула. Венчавката се одржала во интимна атмосфера во присуство на пријатели на Ерика. Како што слушате, таа си го променила и презимето. Педесет и седум годишниот Едвард Смит од Вашингтон ја дели постелата со својата девојка Фолксфаген „Буба“. Ја крстил Ванила. Кај и да е, и тој планира свадба.
За Смит е лесно да смислиш подарок- ќе му купиш една раткапна, браник или сјалички за фарови и чао, проблем е што да и подари човек на Ерика и на Ајфеловата кула...

 

Напиши коментар (0 Коментари)
Последна промена ( 23.04.2010. )
 
АДМИНИСТРАЦИЈА
Што ќе ми пардон? - Ајде Ви се молам ...
23.04.2010.
ImageПАРТИЗИРАНА
Овие денови по милионити пат се говореше за професионализација наместо партизација на јавната администрација. Цврста определба на оваа влада е да изгради една јавна администрација која нема да биде под директно политичко влијание на било која политичка елита на власт, рече вицепремиерот Васко Наумовски. Администрацијата ни била, е и ќе биде партизирана. Фактички, главното лижавче за задоволување на апетитите од кога ќе се добие власта е токму администрацијата и вработување на партиското членство во неа. Тоа е вистината, сето останато е фрлање прав во очи... Напиши коментар (0 Коментари)
 
АФОРИЗМИ
Шегаџија - Ха, ха, ха !!!
22.04.2010.
ImageПРАВДА
1. Додека ги стигне правдата тие му се изнаживееја.
2. Тие што велат дека експресно би го решиле проблемот со името, имаат искуство од 1994 година.
3. Од ракав си делеле инвалидски пензии и си полнеле џебови.
4. Третото дете не смее да биде третирано како 13-то прасе.
Тони Стојкоски “Внуче“ Напиши коментар (0 Коментари)
 
МИСЛИ
Мудрост - Бравос Мучачос
21.04.2010.
ImageМОРЕ МУДРОИНА
1. Денешниот ден е ученик на вчерашниот.
2. Тигарот по смртта ја остава кожата, а човекот своите дела. Напиши коментар (1 Коментари)
 
ДРОГИРАЊЕ
Што ќе ми пардон? - Ајде Ви се молам ...
21.04.2010.
ImageСО ЧОРАПИ
Министерот за надворешни работи на Шпанија кажа дека Македонија ќе добиела датум за преговори до јуни, а до крајот на 2010 и покана за Нато.
ДВАЈЦА ПРИЈАТЕЛИ СЕ ДРОГИРААТ СО ЧОРАПИ...
1. Добра дрогава еј...
2. Е па кога немаш пари за нешто поасално и чорапи ќе завршат работа...
Напиши коментар (0 Коментари)
Прочитај повеќе...
 
МНОГУ СУМ СУПЕР
Шегаџија - Ха, ха, ха !!!
21.04.2010.
ImageДА?
Сите ние имаме убаво мислење за самите себе.
Ликови: Министер и административец
АДМИНИСТРАТИВЕЦ: Добар ден. Јас сум многу храбар човек. Работам во едно од нашите министерства и на сите се им кажувам во фаца. Мислам, знам дека во денешно време така не чини, ама искрен сум. Другарите ми викаат дека тоа ми е мана, ама баш ми е гајле, цепам, отворен сум, што на ум тоа на друм и така. Нема кај мене циле- миле. Ни циле, ни миле, директно во фаца, па ако ти чини добро, ако не баш ми е гајле. Напиши коментар (0 Коментари)
Прочитај повеќе...
 
ВУЛКАНИ
Максимумлање - Види мајката
21.04.2010.
ImageИ НИЕ СИ ИМАМЕ
И ние вулкан си имаме, само не сме свесни за тоа...
Ликови: Двајца случајни минувачи. Еднот од нив гледа во небо.
1. Извинете, ние не се познаваме, ама би сакал нешто да ве прашам?
2. Кажете...

Напиши коментар (0 Коментари)
Прочитај повеќе...
 
ЗА СЛАВНИТЕ
Граѓанска кројачница - По мерка на цивилите
16.04.2010.

ImageФУРАЈ ДО КРАЈ!
Овој текст ќе ви покаже дека не смеете да дозволите никој да ве демотивира во животот.
Лив Улман беше славна актерка која не поминала на аудицијата за артисти. Професорите и рекле дека нема талент. Инаку, Улман двапати беше номинирана за Оскар.
Леон Урис е славен филозоф и книжевник. Кога бил во средно трипати паѓал на испитот по англиски јазик и книжевност.
Aјнштајн прозборел на 4 години, а научил да чита на 7. Во средно паднал на испитот по математика. Неколку децении подоцна ја добил Нобеловата награда за физика.

Напиши коментар (0 Коментари)
Последна промена ( 16.04.2010. )
Прочитај повеќе...
 
КАМЕЊА
Што ќе ми пардон? - Ајде Ви се молам ...
16.04.2010.
ImageПАЗАР
Полицијата влезе во Шутка и заплени стока со фалсификувани марки. Инаку пазарот во Шутка постои со години, илјадници луѓе таму купуваат, фалсификатите си ги носиме сите ние и сето тоа до вчера функционираше без проблем. Вистинскиот проблем во Македонија е што наместо на нелегалностите да им се стави крај на почеток, им се дозволува да се развиваат, па после се прават некакви блицкриковски акции кои завршуваат со каменување.
И покрај се, ќе видите дека веќе утре во Шутка пак ќе можеме да си пазариме убава и фалш брендирана гардероба за ефтини пари.Напиши коментар (0 Коментари)
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 37 - 54 од 445
Присутни ЗевзЕци
Имаме 15 гости на оваа страница
Најактивни зевзеци
1. ali_baba
 (892 коментари) 
2. PEPSI
 (880 коментари) 
3. Zrakoprc
 (192 коментари) 
4. MaStaPe
 (136 коментари) 
5. Ile
 (104 коментари) 
6. Barry
 (84 коментари) 
7. kikojumkd
 (81 коментари) 
8. YankeeBoy
 (78 коментари) 
Џева се крева:
1. (MaStaPe)
 КРАЖБИ
(2 коментара)
2. (domindzos)
 МИСЛИ
(1 коментар)
3. (Stefancech)
 КОНЕЧНО
(1 коментар)
4. (Stefancech)
 ЗАКОН ПРОТИВ ПУШЕЊЕ
(1 коментар)
5. (Stefancech)
 УЧЕБНИЦИ
(1 коментар)
6. (MaStaPe)
 ЖИВА ДОСАДА
(1 коментар)
7. (MaStaPe)
 АФОРИЗМИ
(1 коментар)
8. (MaStaPe)
 ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА
(1 коментар)
Зезвек Топ листа:
Пропуштиле во:
Заход за статистика:
Членови: 3297
Вести: 1703
Веб-линкови: 3
Денеска: 8.09.2010.
"ЗевзЕкмАнијA" LTD, Д.О.О.Е.Л, GmbH - Solar System, Earth, Macedonia